Мадона е родена за да шокира, а за тоа не одбира ни средства ни време
Пејачката (61) се соблекла гола, влегла во када со ливчиња од рози и додека во позадина свирела музика, Мадона одлучила да мудрува за коронавирусот.
„Чудно е тоа со КОВИД-19: не му е грижа колку сте богати, колку сте познати, колку сте интересни. Колку сте паметни, каде живеете, колку години имате, кои неверојатни приказни можете да ги раскажете. Тоа што е страшно во врска него, истовремено е и она што е одлично за него.
Страшното е тоа што сите не’ направи рамноправни на повеќе начини, а прекрасното е тоа што не’ направи различни на еднакви начини.
Ако овој брод потоне, сите тонеме“, рекла пејачката додека се обидувала со ливчињата рози да ги сокрие своите бујни гради.