Еве кога треба да го очекуваме крајот на епидемијата во Македонија

1166

Најсилниот удар според епидемиолозите се очекува во третата и четвртата недела од епидемијата.

Првиот случај на заболен од корона вирусот во Македонија беше откриен на 26 февруари кога тоа на прес-конференција го соопштија премиерот Спасовски, министерот Филипче и епидемиологот Караџовски.

Во прашање е пациентка која беше позитивна на корона вирусот и беше згрижена на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Таа пред неколку дена замина на домашно лекување, а болеста и беше утврдена откако по вторпат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот откако според насоките и препораките на Светската здравствена организација, соопшти Министерството за здравство.

Во овие моменти сме некаде на почетокот од третата недела и досега успешно ја контролираме епидемијата.

Како што вели познатиот српски доктор Несторовиќ, во Грција во овие моменти епидемијата е сериозна, но тие имаат повисок индекс на УВ зраци, па кај нив најверојатно ситуацијата ќе се среди нешто порано. Според него, постојат и некои добри вести во врска со пандемијата – во едно предградие на Милано, во Италија бројот на нови случаи инфицирани стагнира, што би можело да се рече дека епидемијата полека го достигнува својот врв и почнува да опаѓа.

Во Кина врвот на епидемијата беше во средината на февруари, и од тогаш помина месец и половина, и епидемијата стивнува.

Математички модел на шведски и швајцарски научници укажува дека мај, најдоцна јуни, би можел да биде периодот кога епидемијата ќе почне да заминува, вели познатиот доктор Бранимир Несторовиќ, детски пулмолог и алерголог во Универзитетската детска клиника во Белград.