Тие се на тајна мисија под вода вооружени со нуклеарно оружје! Од нив се кријат вестите за вирусот само поради ова

999

Екипажите на подморниците кои крстарат во морските длабочини, во тајни мисии, можеби се меѓу ретките луѓе на планетата кои уште не се свесни за пандемијата на коронавирусот.

Морнарите на нуклеарните подморници вообичаено се поштедени од лошите вести додека се под вода, за да се избегне нарушување на нивниот морал, велат сегашните и поранешни офицери кои служеле во француските подморници.

Па, екипажите што го напуштиле пристаништето пред вирусот да се прошири низ планетата, веројатно нема да бидат известени за размерите на пандемијата.

“Нема да бидат известени”, рекол пензионираниот адмирал Доминик Салес, кој командувал со француската балистичка подморница од 2003-2006.

“Луѓето мора да бидат во целост посветени на својата мисија”.

Зборувајќи ексклузивно за AP, тој рекол дека верува дека на екипажите ќе им биде соопштено дека има пандемија во тек, но во последните два дена од мисијата.

“На нив, кои се на море, не им се потребни овие информации”, рекол адмиралот и додал:

“Мислам дека командантот е известен за тоа што се случува. Но не верувам дека ги знае сите детали”.

Француската морнарица не сака да открие дали нешто му е кажано на екипажот. Исто така не кажале ни дали некоја од четирите француски подморници, опремени со 16 ракети, и кои можат да носат шест нуклеарни боеви глави, го напуштиле пристаништето пред Франција на 17-ти март да воведе затворање на границите.

Мисиите на француските подморници траат 60 до 70 дена, а ангажирани се 110 членови на екипажот.

Екипажот кој заминал кон крајот на февруари не може да се очекува пред крајот на април. Во тој случај, тие ќе се вратат во свет кој го променила пандемијата. За екипажот враќањето на копно би можело да биде вистински шок.

“Нема да ја доживеат кризата како ние. За нив тоа ќе биде прилично изненадување”, рекол човекот кој четири години бил доктор на балистичката подморница “Le Triomphant”.

Овој доктор бил под вода во 2012-та година кога исламски екстремист убил тројца француски падобранци, а подоцна убил рабин, своите двајца млади синови, киднапирал 8-годишно девојче и му пукал во глава.

Дури подоцна офицерот дознал за нападите, “па кога луѓето зборувале за тоа, тој не можел ни да си го замисли”, рекол.

“Единствено каде што се навистина исечени од сите информации е таму под површината на водата, бидејќи дури и во вселенските бродови постои радио, телевизија, интернет”, рекол тој.

Кога се случиле бомбашките напади во Мадрид во 2004-та година, тој не ги известил морнарите кои биле на морето под негова команда.

Истакнал дека досега ситуацијата ќе биде најтешка за сите екипажи кои ќе тргнат во мисија во наредните недели, бидејќи знаат дека ги оставаат најмилите насред пандемија.