ФОТО: Запознајте ја Софија – девојката за која Јовиќ ризикува затвор

642

Српската фудбалска ѕвезда Лука Јовиќ го прекрши законот за изолација во татковината, а причина за тоа е неговата девојка Софија Милошевиќ.

Играчот замина на гости кај атрактивната Србинка додека требаше да биде во изолација затоа што пристигна од Шпанија и направи голем прекршок. Александар Вучиќ, претседателот на Србија, соопшти дека напаѓачот на Реал Мадрид уште е под истрага и дека може да добие огромна казна, вклучувајќи и затвор.

Која е Софија? Има 29 години, а се работи за девојка веќе позната во фудбалските кругови затоа што претходно беше во врска со Адем Љајиќ со кого раскина во 2018 година. Потоа беше во афера со тенисерот Виктор Троицки, а исто така се поврзуваше и со Душко Тошиќ и Анте Ребиќ.

Се работи за девојка која почна со фотомоделство уште на 14-годишна возраст. Беше дел од модни ревии во Милано и Њујорк. Во моментов, Софија е бремена и очекува дете со Лука Јовиќ.