Скандал во Штип: Две лица брутално тепаат девојка и снимаат со мобилен телефон

631

На социјалните мрежи се појави скандалозно видео на кое може да се види како две лица брутално претепуваат девојка во влез од зграда.

По кратката расправија, едниот од насилниците ја нападна девојката со шлаканици и клоци, а потоа и другиот од нив започна да ја тепа девојката која беспомошно застана во аголот. Бруталниот напад на девојката двајцата насилници го снимиле со телефон, а видеото денес заврши на социјалните мрежи.

Видеото кое се појави во неколку групи на „Фејсбук“ го навлече гневот на граѓаните кои повикуваат на линч на насилниците и ги повикуваат Обвинителството и МВР итно да преземат соодветни мерки.

Славјанка Петровска од МВР предмалку ја информираше јавноста на својот профил на „Фејсбук“ дека насилниците (на социјалните мрежи идентификувани како П.Р. и С.А.) се идентификувани и експресно приведени од страна на полицијата.

Предупредување: Вознемирувачка содржина