Полицијата ги уапсила насилниците од снимката на која се гледа како тепаат девојче, потврдуваат од МВР за „360 степени“.
Станува збор за Пепи Р. и Стефан А. од Штип.
На видеото што се појави на социјалните мрежи се гледа како тие се изживуваат врз девојче, го клоцаат и го навредуваат.
Според Кривичниот законик, тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.