#Бекстејџседидома: Вечерва со нашиот фудбалски волшебник Горан Пандев во живо на Инстаграм

758

Како што веќе знаете, пред неколку дена и официјално стартуваше кампањата #Бекстејџседидома, на најгледаниот и најпопуларен забавен ТВ магазин „Бекстејџ“, кој ја прилагоди и адаптираше својата програма и содржини во новосоздадените услови на карантин и домашна изолација.

Оваа седмица, понеделнички, на  30 март 2020 год.  ја започнавме со една региионална ѕвезда. Се’ што сте сакале да дознаете за атрактивната пејачка Едита Арадиновиќ, а не сте имале можност директно да ја прашате, имавте единствена и ексклузивна прилика за такво нешто и тоа онлајн, во #Бекстејџседидома…  Live.

Во последниот ден на месец март, вторник 31.03.2020 година со вас онлајн беше најголемата македонска ракометна ѕвезда и еден од најдобрите светски играчи, капитенот на нашата репрезентација, единствениот  Кире Лазаров во #Бекстејџседидома…  Live… на муабет со Ева, но и подготвен да одговара на вашите прашања.

Во среда, на денот на шегата 1-ви април 2020 во  #Бекстејџседидома…  Live имаше уште една ексклузивна гостинка од Србија. Понежната половина на дуото Ѓогани, Весна.

Вечерва пак, 2-ри април 2020, #Бекстејџседидома…  Live за свој гостин од дома ќе го има нашиот фудбалски волшебник, капитенот на македонската фудбалска репрезентаци, единствениот Горан Пандев, директно од неговиот дом во Италија!

Лајвот почнува точно во 20.00 часот, а сите фанови ќе имаат можност да се вклучат во живо, да ги прашаат гостите она што сакаат, а можеби и да ги слушнат како пеат во живо, или пак да изведат нешто во домашни услови.

Затоа, не излегувајте никаде и не пропуштајте #Бекстејџседидома…  Live!