Американскиот магазин „Women’s Day“, на неговата насловна страна објавил дека наводно во јавноста протекле документи за развод на Меган Маркл и принцот Хари.
Споменатиот магазин изнел детали за наводниот развод на Меган и Хари, и навел тврдење од неименуван извор, пренесуваат странските медиуми.
„Не можете да ми кажете дека ова не беше нејзин план од самиот почеток. Ги доведе Хари и Арчи во Америка, за да може да продолжи со својот ‘селебрити’ живот, а најстрашно е тоа што ‘Хари го држи во дланка’“ – навел изворот.

Меѓутоа, споменатиот магазин не изнел ниту еден конкретен доказ за ова тврдење ниту пак објавил фотографии од наводните документи за развод, па многумина сметаат дека ова е само уште еден обид, од многуте, за да се наруши репутацијата на Меган Маркл.
Да ве потсетиме, Меган и Хари на 1-ви април официјално се ослободени од кралските должности, а со синот Арчи моментално живеат во Лос Анџелес.

Многу теоретичари наведуваат дека сето ова е наводно дел од планот на Меган, за да го наруши мирот во кралското семејство и да оствари материјален профит.