Со оглед дека во последните неколку недели коронавирусот нè натера да седиме дома, ретко кој воопшто се труди да се дотера и нашминка за престојот во изолација.
И во светот на богатите и славните е слична ситуацијата. Познатите убавици во изминатите неколку дена се јавуваат од своите четири ѕида потполно природни и без грам шминка, повикувајќи ги фановите на социјалните мрежи да останат дома.
Иако повеќето од нив сме навикнати да ги гледаме на гламурозни настани, на црвениот тепих или на насловните страници на списанијата, славните дами покажуваат дека во овие тешки времиња сите сме еднакви, од крв и месо. Зад шминката и рефлекторите се кријат сосема обични жени кои во своите домови се однесуваат исто како и сите ние.
И тие едвај чекаат да пристигнат дома, да ги соблечат тесните фустани, да ја исчистат шминката, да ги облечат пижамите и да ја остават кожата да дише, а изминатите денови се како создадени за тоа.
Погледнете кои сè познати убавици не се срамат да се појават на социјалните мрежи без шминка.