Страотна информација пренесува порталот Маркукуле.мк. Како што наведуваат тие, денес на улица „Никола Карев“ во Прилеп маж се полеал со бензин и се самозапалил.
Според информациите кои ги пренесува порталот од очевидци кои биле сведоци на целиот настан, човекот починал на лице место.
Екипи на полицијата и територијалната противпожарна единица пристигнале на лице место.
Повеќе информации во текот на денот.