Осум години непребол: На денешен ден беше извршен масакрот кај Смилковско езеро

652

Денеска се навршуваат осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро.

На 12-ти април 2012-та година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен од селото Црешево.

Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

За овој грозоморен чин беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017-та година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.