Тажен Велигден во Америка: Трамп за првпат во историјата прогласи состојба на голема катастрофа во сите 50 држави!

677

Американскиот претседател, Доналд Трамп, поради пандемијата на коронавирусот прогласи состојба на голема катастрофа во Вајоминг, па сега сите 50 сојузни американски држави се во тој статус.

Според портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир, тоа е првпат во историјата состојбата на голема катастрофа да стапи на сила во сите 50 држави во исто време, пренесува „Focus News“.

Донесувањето на таа мерка од претседателот ја побарала гувернерката на Вајоминг, Марк Гордон, иако во таа држава досега не е забележан ниеден случај заразен од коронавирусот.

„Иако Вајоминг не се наоѓа во тешка ситуација, како многу други држави, оваа мерка нѝ помага да се подготвиме и да ги мобилизираме ресурсите за моментот кога ќе нѝ бидат потребни“, рекла Гордон.

Со прогласувањето на состојба на голема катастрофа на сојузните држави и локалните влади, како и одредени непрофитни организации, станува достапно федералното финансирање.

На владите на државите исто така им е дозволено да координираат со федералните служби за итни случаи.

САД се на прво место по број на смртни случаи од коронавирус во светот, со повеќе од 20.000 жртви.

Бројот на заразени во оваа земја надмина половина милион.