Голема чест: Интер објави документарец, а ѕвезда во него е и – Горан Пандев (ВИДЕО)

549

Екипата на Интер во периодот додека првенството е во прекин поради пандемијата со коронавирусот реши на своите навивачи да им подари видео-серијал со документарен карактер под името „Аутсајдерите“ и тоа во повеќе епизоди, од кои најновата е и тоа како интересна за македонската јавност, со оглед што ѕвезда во неа е нашиот Горан Пандев.

Фокусот на третата епизода покрај на капитенот на репрезентацијата на Македонија е и неговиот доскорешен тренер во Џенова и соиграч во шампионските денови меѓу нераѕурите, Тијаго Мота. Засега е објавена само најава на оваа епизода, која се емитува на телевизиската платформа ДАЗН, а наскоро се очекува целосно да биде достапна на пошироката јавност.

Мотото на третиот дел од серијалот е „Упорноста на Мота и на Пандев која нѐ искачи на европскиот кров“, а македонските спортски вљубеници со нетрпение очекуваат да видат какви сѐ суперлативи се искажани на сметка на нашиот фудбалер. Македонецот во дресот на Интер одигра 47 натпревари и постигна пет голови.