Манекенката Емили Ратајковски во петокот доживеала вистинска драма пред нејзиниот дом во Лос Анџелес.
Таа излегла боса на улица и го довикувала нејзиното куче кое се загубило.

Имено, згодната манекенка во паника босонога излетала од својот дом на улица, бидејќи ѝ побегнало кучето Колумбо.
Таа панично трчала по нејзината улица и го извикувала неговото име, а потоа се појавил и нејзиниот сопруг Себастијан Беар-Меклард, за да ѝ помогне во потрагата по нивниот миленик.

Набрзо Колумбо се одзвал на довикувањето на Себастијан и на драмата ѝ дошло крај.