Од јануари до почетокот на јули во Бугарија им се издадени 6.700 работни дозволи на странци што не се од земјите членки на ЕУ, а околу 3.000 работници од трети земји беа ангажирани во истиот период минатата година, според бугарската Агенција за вработување.
Повеќето од работниците се ангажирани од Украина, Молдавија и од Киргистан, но исто така и од Србија.
Странците од трети земји се главно вработени во бугарските хотели и угостителски објекти.
На граѓаните на ЕУ не им е неопходна дозвола за работа во Бугарија бидејќи тие ги имаат истите права како и домашното население.
Во Бугарија просечната месечна нето-плата е 533 евра.