Светски дефицит на злато – што ќе биде со цената на драгоцениот метал?

698

Коронавирусот секојдневно носи голем број на човечки животи. Многу фабрики го сопреле своето производство, транспортот на роба забавено функционира, што довело до дефицит на некои производи во светот. Еден од пазарите кој бил зафатен со вистински дефицит, е пазарот на физичко злато.

Во цела Европа, речиси е невозможно да се купи златен дукат или златна плочка. Најголемите произведувачи на злато, сместени во јужна Швајцарија, Аргор Хераеус, Валкамби и Памп, го сопреле производството со цел заштита на човековите ресурси, пишува “Sputnik”.

Масовниот карантин ширум свет ти останатите мерки кои владите ги спроведуваат со цел спречување на ширење на вирусот, довеле до тоа луѓето да не можат да се движат, а со самото тоа и да трошат пари.

Како последица од тоа дошло до пад на економските активности. Сите гранки на економијата се погодени. Некои во поголема, а некои во помала мера. Хотелиерството и угостителството бележат незабележани загуби.

Пандемијата, полека но сигурно, го носи светот во нова рецесија. Токму од тие причини, многу вложувачи сакаат да купат злато токму сега. Вложувачите стравуваат и масовно повлекуваат пари од банките и истите ги чуваат блиску до себе.

Не треба да се влегува во паника бидејќи во овој момент најважно е да се зачува здравјето.

Златото покажало висока резистентност во вакви ситуации. Затоа сите сакаат да го поседуваат пред почеток на рецесија. Познато е дека вредноста на златото во тек на траењето на рецесијата знае да се зголеми неколку пати. Вредноста на златото во текот на рецесијата која го зафатила светот во 2008-ма година се зголемила за 280 проценти. По завршувањето на истата, вредноста се стабилизирала, но цената останала зголемена за околу 200 проценти.

Тоа довело до пораст на вредноста на златото на берзата. Растот не ја отсликува реалната ситуација, поради тоа што побарувачката за физичко злато, во најголема мера не се регистрира, а со самото тоа и не влијае, како конститутвен елемент во формирањето на рамнотежна цена на отворениот пазар на светската берза.

Вториот елемент, на кој се одразил дефицитот на злато, е разликата меѓу СПОТ цената (моменталната цена на златото на берзата) и цената на физичкото злато.

Секогаш физичките златници и плочките биле поскапи од спот цената. Таа разлика во нормални околности се движела од 3-4 проценти во корист на физичкото злато. Сега таа разлика на светско ниво, се движи околу 10 и повеќе проценти.

Порастот на премијата (разликата) во корист на физичкото злато, е апсолутно логичен, што на вложувачите им станало јасно, дека е многу побезбедно во себе да имаат физичко злато, отколку некој дигитален запис на берзанскиот сервер (злато купено на берза).