Кенјон Ли Мартин, крилниот центар со неицрпна енергија.
Гордоста на Далас (Тексас). Еден од најатрактивните играчи во периодот од 2000 до 2015 година.Соиграч кој секој би го посакал, а ривал и противник покрај кого никој немал лесна вечер. И покрај повеќекратните тешки повреди, оперативни зафати и долг период поминат во рехабилитација од истите, “Kej-Mарт” остана пример како со напорна работа се надминуваат најтешките “лузни”.
Убаво е да се потсетиме на колку агресивен начин ги напаѓаше противничките обрачи. Уживајте во овие видеа на поранешниот All-Star, каде на дело се неговите атлетски способности.
NBA FAN
Димитар Младеновски