Франческо Тоти пред два дена имаше видео разговор со својот добар пријател Фабио Канаваро, но денеска одлучи да долови и детали од својот приватен живот во разговорот кој го понуди на социјалните мрежи заедно со уште една италијанска легенда.
Кристијан Виери и Тоти имаа нависитна интересна конверазација на Инстаграм, во која незаборавниот напаѓач на Интер се обиде да дознае нешто повеќе за љубовниот живот на незаборавниот капитен на Рома, или поточно, за неговиот однос со сопругата Илари.
Тоти има три деца со атрактивната Илари со која долги години е во брак, но сега откри дека за малку ќе имало предвремен крај на цела идила поради мачката која била донесена во неговиот дом.
– Најголема закана за мојот брак беше една мачка. Бев бесен на мојата сопруга, таа купи мачка без влакна и ја крсти Дона Паола. Тоа беше вознемирувачки, навечер инсистираше да спие во нашиот кревет, веднаш до нашите нозе. Таа многу поврзана со мачки, но за малку ќе не донесеше до развод. Таа сакаше мачка по секоја цена, а јас многу се противев. Еден ден, таа ја донесе дома, па како и обично, таа ги донесува сите одлуки во нашиот дом. Не зборевме со денови, но на крајот и јас се заљубив во мачката, – открива Тоти со насмевка на лицето.