Грижата за домаќинството како и самиот живот во домот подразбира развивање на одредени домаќински навики.
Начинот на кој чистиме, готвиме, уредуваме или ги собираме работите се разликува од личност до личност, но сепак повеќето се уверени дека токму нивниот начин е оној кој е исправен.
Токму од таа причина, фотографијата која во Фејсбук групата “How To Dad” ја објавил еден корисник на интернет, покрена жестока расправа помеѓу корисниците на оваа социјална мрежа.
“Извинете, но доколку не го местите приборот за јадење во фиоката по редослед: ножеви, вилушки, лажици, не ми се појавувајте пред очи”, напишал човекот покрај фотографијата од сопствениот наместен прибор за јадење.

Неговата објава наишла на неодобрување од голем број коментатори кои не криеле дека се згрозени од неговиот редослед.
“Твоето местење на приборот за јадење нема никаква смисла. Приборот би требало да стои по оној редослед по кој го местиш на масата – вилушки, ножеви па лажици”, напишал еден коментатор.
“Зошто ножевите би стоеле од лево кога ножот се држи со десна рака?”, се запрашал друг, а трет искоментирал дека во средина треба да стојат лажиците, но останатите му порачале дека е “психопат”.