Форбс потврди дека Кајли Џенер е сè уште најмладата милијардерка на светот.
Ѕвездата на Инстаграм и сопственичката на империјата за козметика Kylie Cosmetics стана најмладата милијардерка која сама си ги заработила парите на само 22 години, а извештаите на американските медиуми велат дека деновиве си купила нова вила во близина на Лос Анџелес за која дала неверојатни 250 милиони долари.
Новата вила на Кајли Џенер има 2000 квадратни метри и изгледа како замок од соништата.
Иако младата милијардерка на Инстаграм сè уште не го покажува луксузот, фотографиите од вилата стигнаа до медиумите и многу од деталите на ентериерот и надворешноста зачудуваат.
Кајли за прв пат стигна на топ листите на милијардери во март 2019 година, а дополнително ја зацементира нејзината позиција во ноември кога продаде 51% од акциите во нејзината компанија Kylie Cosmetics за 600 милиони долари.
Кајли ја основа компанијата на само 18 годишна возраст, а по продажбата остана заштитно лице на брендот.