Филипче: Од утре или од вторник казни за тие што нема да носат маска

850

Поради се почестите слики од граѓани кои не носат заштитна маска Министерството за здравство доставило предлог до Владата казнувањето да почне од утре или најдоцна од вторник.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека забележале различни начини на непочитување на мерката за носење заштитна опрема.

„Некои носат маска под брадата или во рака. Министерството за здравство поради ова ваќе достави предлог санкционирањето за неносење да почне утре или во вторник. Оваа мерка мора да се почитува. Заштитната опрема треба да се носи во затворени простории и на отворено доколку не може да се одржи безбедната дистанца од два метри“, рече министерот Филипче.

Тој очекува оваа мерка доколку се почитува, да даде ист резултат како и останатите мерки и да се спречи растот на заболени кој од почетокот на кризата се држи под контрола.