Болницата „8 Септември“ почнува со озонирање на крвта кај болни од Ковид 19

579

Од денеска во болницата „8 Септември“ пренесен е апаратот за озонирање на крвта, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Оваа метода во други земји се покажала како успешна, па ќе се примени и кај нас. За утре е закажана првата екстракција на крв кај пациент, а со апаратот дел од крвта се озонира и се враќа во телото на пациентот – додаде првиот човек во здравството.

Филипче рече дека оваа метода дава резултати, а лекарите кај нас консултирале обемна литература за методата и нејзината примена кај ковид болни пациенти.

Утре почнува и екстракција на крв од оздравен пациент од Kовид-19, чија плазма ќе се користи за лекување на други заболени, ако за тоа има индикација, рече Филипче.