„Бев целосно влажна додека Џордан ме прскаше со шампањ. Имав се*с на теренот и во соблекувалната на Чикаго Булс“

1007

Американската актерка и старлета, Кармен Електра, е позната по својот атрактивен изглед на кој малкумина можат да му одолеат, а еден од оние кои што не можеле да одолеат бил Денис Родман.

Некогашната суперѕвезда на НБА лигата дури бил и во брак со Електра, а од тој период имаат незаборавни спомени.

Со оглед на тоа што неодамна почна да се емитува документарецот „Последниот танц“ за Мајкл Џордан, голема улога во него има и Денис Родман, па Кармен Електра повторно успеала да биде во центар на внимание.

Таа меѓу другото, открила дека со нејзиниот тогашен сопруг водела љубов на тренинг во центарот на Чикаго Булс, како и дека во текот на прославата на титулата во соблекувалната на ‘Биковите’ била влажна, откако Мајкл ја испрскал со шампањ.

Се потсетила и како Родман некогаш ја изненадил.

„Еднаш доби слободен ден и ми рече дека ќе ме изненади. Ми стави превез на очите и ме смести на мотор, а кога го тргнав превезот бевме во тренинг центарот на Чикаго Булс. Беше лудо, се однесувавме како деца во продавница за слатки. Имавме секс на секој дел од тренинг центарот. Во соблекувална, на терен, во теретаната“ – изјавила Кармен во разговор за „Лос Анџелес Тајмс“.

Потоа таа истакнала дека Родман често знаел да ‘исчезне’.

„Секогаш имаше такви моменти во кои сите се прашуваа каде е Денис Родман? Соиграчите мислеа дека побегнал и не можеа да го најдат. Имаше ситуации кога лутавме по баровите и го баравме, а тој само бегаше од сите. Ништо не можевме да направиме“.