Според соопштението на СЗО кое што по пат на социјалните мрежи го испратила претходната седмица, не постои доказ дека луѓето кои што прележале Ковид-19 развиле имунитет на болеста.
Напротив, тие предупредуваат дека таквите констатации не треба да бидат ставка која што ќе влијае на поедини држави во попуштање на мерките за превенција, а тие не ја исклучуваат можноста и дека една личност која што прележала Ковид-19 може повторно да се зарази.
Нивните наоди ги разгледал и д-р Кристијан Дростен, еден од водечките виролози во Германија.
Тој твди дека зад тоа предупредување се кријат и некои причини кои што немаат никаква врска со вирусот, туку со потенцијалните проблеми кои што можат да настанат во самото општество.
Очигледно во меѓувреме слично преиспитување се случило и во внатрешноста на Организацијата, бидејќи твитот кој што го преплаши светот, а кој што негира имунитет на заразените пациенти е избришан.

Во меѓувреме се појавил нов твит: „Очекуваме поголемиот број од заразените луѓе од Ковид-19, да развијат антитела кои што ќе го осигураат нивото на заштита кое што е потребно“.
Директорот на престижната берлинска Универзитетска болница Charite, тој наод веќе го поддржува, и продолжува со сигурност да претпоставува дека пациентите сепак развиваат имунитет, изјавил за „NDR“, а неговите зборови ги пренел германски „NTV“.
„Имунитетот кој што пациентите го развиваат по прележувањето на Ковид-19, би можел да опадне по две години, можеби малку подолго“ – тврди вирологот.
„Кај некои пациенти бројот на антителата се намалува по два месеци, но тие се само индикација дека имунитет постои“ – објаснува Дростен.

„Имунитетот не е составен исклучиво само од антитела. Тие се само индикатори дека инфекцијата завршила“ – вели тој.
„Поради тоа, тестот за антитела не е строг доказ за имунитет, туку само показател дека личноста оздравела од вирусот. Како проблем се издвојува фактот дека кај ‘технички исправните тестови’, веројатноста за грешка е висока, со оглед на количината на тестирања.
Исто така, откако инфекцијата ќе помине, личноста нужно ‘стерилно’ е имуна. Поради тоа невозможни се ситуации во кои личноста може повторно да се зарази. Но, имунитетот со сигурност постои“ – тврди Дростен.