Вчера во доцните часови изби голем пожар во Трговскиот центар Мавровка.
Според првичните информации, причинета е голема материјална штета, но не се знае што точно го предизвикало пожарот.
Информациите од самото место велат дека нема жртви, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Во гасењето на пожарот учествувале 21 пожарникар.