Втор бран на коронавирус ќе има во октомври-ноември.
Вакви најави стигаат од Унгарија.
„Унгарија треба да се подготви за потенцијален втор бран на коронавирусот во октомври-ноември, иако ширењето на вирусот најверојатно ќе биде забавено во текот на летото“, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за државното радио.
Тој вели дека вирусот не е победен, туку само исчезнал некое време.
Порача дека ако властите успеат да ја намалат стапката на смртност во Будимпешта, каде што се регистрирани 80 насто од смртните случаи, само тогаш ќе бидат олеснати тековните ограничувања во главниот град. Земјата ќе укине голем дел од ограничувањата на селата од понеделник. Засега има пријавено 2.863 случаи на заразени и 323 починати од Ковид 19.
Унгарија пред две недели протера 14 ирански студенти под обвинение дека шират коронавирус.
Оваа одлука остро ја критикуваа властите во Техеран, како и унгарскиот Хелсиншки комитет.