Станува збор за полуфиналето меѓу Реал Мадрид и Баерн во сезоната 2011/12 од Лигата на шампионите. Реал загуби на пенали од Баерн и не успеа да се пласира во мечот за пехарот, против Челси. Интересно, клучните промашувања ги имаа Роналдо, Кака и Рамос.
„За жал тоа е фудбалот. Кристијано, Кака, Серхио рамос, тоа се три чудовишта во фудбалот, но нема сомнеж дека тие се исто така и луѓе. Таа ноќ е единствената во мојата кариера кога сум плачел поради пораз. Добро ја паметам. Аитор (Каранка) и јас застанавме пред мојата куќа, во автомобилот и плачевме. Ни беше тешко, бидејќи таа сезона бевме најдобри“, изјавил Мурињо.
И навистина, таа година ја освои Ла Лига поставувајќи нов рекорд на поени и постигнати голови.