‘Невозможна мисија’, Том Круз и Илон Маск: Светските медиуми тврдат дека се подготвуваат за првиот филм кој ќе се сними во вселената

567

Моментално не се познати повеќе детали, но луѓето се запознати со проектот, тврдат дека реални планови постојат, но дека истиот сè уште е во рана фаза на развој.

Веста дека некој сака да го сними првиот ‘вселенски филм’, може веднаш да се стави во категоријата лажни вести, но кога во тој контекст се ставени Том Круз и Илон Маск, за кои ништо не е невозможно, можеме да заклучиме дека можеби има некаква вистина во сето тоа.

Според информациите кои што вчера почнаа да се шират на интернет, Том КрузSpace X и NASA, се соединиле во проект за снимање на филм во вселената.

Таков проект моментално изгледа невозможна мисија, но филмот не би бил дел од тој познат и популарен серијал и веројатно би се снимал во внатрешноста на вселенската капсула Space X – „Crew Dragon“.

Иако сè уште ниту едно филмско студио не е дел од тој проект, луѓето кои што се запознати со ситуацијата, велат дека ‘проектот е реален, но сè уште е во рана фаза на реализација’, така што сигурно треба да помине долго време додека идејата не почне да се реализира – секако секогаш постои простор и за откажување.

Моментално нема други познати детали околу тоа, но многубројни светски медиуми кои што ја пренеле оваа вест, нагласуваат дека ако некој навистина би сакал да допринесе во една таква мисија, тогаш тоа сигурно би бил Том Круз, кој што досега во претходни филмски остварувања и тоа како ги покажа своите каскадерски способности, снимајќи ризични и опасни сцени.

Тешко е да се замисли дека целиот филм би се снимил во една мала капсула, па можеме да претпоставиме дека во вселената би се снимил само еден краток дел од целиот филм, но и тоа би било доволно за Том Круз засекогаш да влезе во легендите на „Холивуд“.

Медиумите досега ги исконтактирале сите страни кои што треба да учествуваат во овој проект, но досега никој од нив не се огласил.