Најпопуларниот костим за капење помеѓу славните дами совршено ги прикрива недостатоците

843

Веќе 4 години по ред овој модел на костим за капење е апсолутен хит помеѓу познатите дами, но и помеѓу бројните вљубенички во модата.

Не сите жени се чувствуваат пријатно и привлечно во дводелно минијатурно бикини, па затоа на многумина им е потребен костим за капење кој ги прекрива недостатоците и “држи” сè на едно место.

Токму таков е и овој едноделен модел со тенки прерамки и длабок изрез во долниот дел, но и деколте. Тој се одликува со едноставен дизајн, а обично е еднобоен.

Брендот “Gooseberry” прв го лансираше овој модел во 2017 година, а оттогаш не престануваат да го носат модните блогерки и познатите дами.

Костимот е понуден во 7 бои и истиот може да се купи по цена од 99 долари.

Досега, едноделниот костим за капење го носеа манекенките Кендал Џенер, Алесандра Амбросио, Кендис Свонпул, Каја Гербер, како и актерката Оливија Мун, Џенифер Лопез, Кортни Кардашијан...