Мишел Фајфер има 62 години, но и понатака може да се пофали со младоликиот изглед. Некои ја споредуваат со Џулија Робертс која често ја прогласуваат за најубавата жена на светот, но оваа актерка не секогаш се сметала за убава.
„Во детството одев како патка и имав огромна уста. Ме нарекуваа калливата желка“, открила Мишел.
Таа била највисока во класот и сакала да се тепа со децата. Не знаела како да се однесува во машко друштво и не излегувала на состаноци. Често ја пропуштала наставата, а првиот автомобил, црвен Мустанг, го скршила додека била под дејство на опијати.

Нејзиниот татко бил трговец, а мајка ѝ домаќинка, па Мишел ја насочиле кон образованието. Во средно училиште ја интересирале само часовите по глума. После матурата таа се пријавила на избор за убавина и ја однела титулата „Miss Orange County“. Тоа ја охрабрило за да се пријави и на изборот во Лос Анџелес. Иако не направила некој значаен успех, тоа ѝ ги отворило вратите во светот на глумата.
Таа го запознала агентот кој ѝ помогнал да заигра во тв-рекламите, а подоцна и во сериите, па и на филмовите. Таа дебитувала во тв-серијата „Fantasy Island“, а улогите ги добивала поради изгледот. Кога се доселила во Холивуд, паднала под влијание на култот „breatharianism“. Нивните теории се темелеле на верувањата дека личноста може да живее без храна и вода и да се храни со воздух и сончеви зраци.
„Си поигруваа со мене и ме тераа да донирам пари на нивната организација. Кога разговарав со поранешен припадник на движењето, тој ми ја опиша манипулацијата низ која поминал. Тогаш сфатив дека сум била дел од секта“, раскажала актерката, а за да побегне од нив ѝ помогнал првиот сопруг. На 22 години таа се омажила за актерот Питер Хортон. На медениот месец дознала дека добила улога во „Grease 2“ и одлучила да се посвети на кариерата. Тоа го нарушило одност со сопругот, па тие се развеле во 1988 година.

„Доколку денес ме прашате, бев премлада. Всушност, двајцата бевме премлади“, раскажала актерката. Улогата во филмот „Scarface“ замалку ќе ја испуштела, но на барање на продуцентот, режисерот ја ангажирал. После тоа се било полесно. Струката повеќе не ја гледала само како убавица, туку и како талентирана актерка.
На шармот на Мишел Фајфер не одолеал ниту актерот Вал Килмер. Тој ѝ пишувал поезија, а тоа било само кратка авантура. Освен тоа што веќе имала статус на актерка од А-листата, Мишел била една од најатрактивните жени во Холивуд. Машкиот дел од публиката воздивнувал кога се појавила во „Batman“ со тесниот костум, но за неа тоа било многу забавно искуство.
„Се чувствував како во вакум. Постојано се откопчував за да не се онесвестам“, открила актерката која ја сакале и во филмот „Basic Instinct“.
Кога започнала да губи надеж дека ќе ја пронајде сродната душа, во нејзиниот живот се појавил тв-сценаристот Дејвид И. Кели.
„Се помирив со тоа дека сум една од оние кои не можат да имаат подолга љубовна врска. Но, од друга страна, многу сакав деца, а не сакав да ги имам доколку не сум во брак“, зборувала Фајфер. Иако размислувала и за маж кој без никакви обврски би ѝ направил дете, таа сепак се одлучила за посвојување. Два месеци пред да посвои девојче, таа го запознала Кели на состанок на слепо. Неколку месеци подоцна стапиле во брак. Набргу останала бремена и малечката Клаудија Роуз добила брат, Џон Хенри.
Уште неколку години работела со полна пареа, па после филмот „White Oleander“ се посветила на семејството. И понатака глумела, но немала толку многу ангажмани како порано. Семејството го ставила на прво место, но не го покажувала во јавноста. Во сопругот Кели и понатака е заљубена како и првиот ден.
„Сладок е, интелегентен и има добра смисла за хумор, како и големо срце. Добар татко е и скоро секој ден ми праќа цвеќе“, рекла и додала дека се трудат да имаат и време за себе. Тие еднаш месечно заминуваат на вечера без децата, кои денес се веќе пораснати.