„Додека бев во врска со Биковиќ, тој заврши во кревет со мајка ми“: Руската актерка ја шокира јавноста

960

Руската актерка Аглаја Тарасова беше во врска со српскиот актер Милош Биковиќ, кој нејзината мајка ја запознал во кревет!

Имено, популарниот актер бил во љубовна врска со убавата Русинка од 2016 до 2018 година, а во тој период го снимал филмот „Митови“. Тогаш требало да сними секс-сцена со мајката на Аглаја, која е исто така позната актерка, Ксенија Рапорот (46).

Милош и јас долго време бевме во врска и во еден миг беше логично да и’ го претставам на мајка ми. Разговаравме и размислувавме како е најдобро да го направиме тоа. Никако не успеавме да зграпчиме некоја добра пригода за нивното запознавање, па по некоја случајност, Милош токму во тој период ја доби улогата во филмот ‘Митови’, во кој глумеше и мајка ми Ксенија“, раскажа убавата актерка за руските медиуми, додавајќи:

Се шокирав кога Милош ми кажа дека токму од сите актерки во филмот мајка ми ја глуми неговата љубовница и дека ќе имаат и една секс-сцена! Редовно одев на снимањата на филмот, но тој ден кога се снимаше жешката сцена меѓу мајка ми и моето момче не смеев да се појавам. Останав дома, седев, гледав во една точка и размислував: ‘Боже, што ти е животот…!’.“