Путин ѝ понуди помош на Грција

1436

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до грчките власти во врска со смртоносните пожари во земјата и им понуди помош за санирање на последиците, соопшти Кремљ.

„Претседателот нагласува дека Русија ја споделува болката со грчкиот народ и упатува сочувство и поддршка за семејствата и пријателите на жртвите, како и желби за побрзо заздравување на повредените“, се наведува во пораката упатена до грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и до премиерот Алексис Ципрас.