(ФОТО) Велевска со поза од кревет испрати интересна порака

805

Фолк пејачката Елена Велевска и тоа како му се израдува на крајот на полицискиот час. Утрово на социјалните мрежи таа сподели фотографија со која ги израдува своите фанови.

На фотографијата Елена позира сама на кревет, веројатно утринска фотографија после ноќ во која знаеше дека тоа е последен полициски час.

-Утро со мирис на слобода.., – напиша Елена во опис на сликата.

Елена Велевска има бурна 2020 година. Таа објави дека се разведува со својот сопруг Марјан, затоа што нивниот брак едноставно дошол до крај. Вели немало кавга, туку едноставно одлучиле дека тоа е најдобро за нивните деца.

Фолк пејачката Елена Велевска важи за една од најпродуктивните пејачки кај нас, секој свој нов проект го работи темелно, маркетиншки одлично, креативно и иновативно, па така беше овој пат.

Имено, таа на публиката и го подари видеото за песната “Говорот на телото” за кое сценариото сама го сработи со својот тим, а режисер е Бане Поповиќ.

-Сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага- нема правила. На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови.

Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани. „Говорот на телото” од првиот ден го имаше вниманието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација. Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики…

Не го следевме трендот на повторно снимање на песната бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција. Единственото што недостасуваше за песнава да биде комплетна е видео-запис кој во моментов Ви го презентираме (да, множина, бидејќи цел тим стои зад ова парче), а воедно сме горди што токму „Говорот на телото” е првото вертикално видео за песна од Фолк етерот, напиша познатата пејачка на својот профил на Фејсбук.