Драматична сцена: Снимаа и бегаа додека мостот се рушеше под нивните нозе

782

Несекојдневна несреќа се случи во Русија на патот помеѓу Обскаја и Бованенково кога стар мост започна да се руши во моментите кога на него преминуваше камион.

Кога тешкиот камион започна да ја преминува реката, мостот започна да крцка, а потоа и се сруши. Луѓето започнаа да бегаат, а еден од нив снимаше како цело време конструкцијата попушта.

Како што пренесуваат руските медиуми, мостот бил оштетен во неодамнешните поплави и бил затворен за сообраќај од 25-ти мај.

Несовесниот возач сепак тргна да го премине со својот камион, а тоа за малку ќе го платеше со својот живот.