Поранешниот кошаркар на Голден Стејт Вориорс, Мет Барнс, во јавноста предизвика внимание со една интересна изјава. Барнс беше дел од тимот кој ја освои титулата во сезоната 2016/2017 каде ги одигра последните 20 натпревари од сезоната. Ова беше втор пат во неговата кариера како го облекува дресот на “воините”. Иако на крајот од првенството тој стана шампион со тимот од Оукленд, лично смета дека неговиот придонес не бил доволен за да се закити со шампионски сјај.“Дојдов во тимот по повредата на Кевин Дурент. По неговото враќање јас се повредив. Мојот придонес не беше доволен за да се закитам со шампионски прстен. Не се важи! Освоив титула без да играм во плеј-офот, иако направив се во моја моќ да се рехабилитирам и да му помогнам на тимот. Доколку ме прашате дали некогаш сум станал NBA шампион, ке ви одговорам негативно” – изјави Барнс.
Пред 2 години, “гордоста на Сакраменто” (како што го нарекуваат во неговиот роден град), стави крај на својата 15 годишна професионална кариера и во моментов заедно со својот голем пријател (поранешниот NBA ветеран) Стивен Џексон, имаат своја популарна емисија (“All the smoke”). Каде и да настапуваше, беше вистински љубимец на навивачите. Играч кој беше посакуван како соиграч, пред се поради својата пожртвуваност, бестрашност, борба, лојалност кон тимот во кој настапува.
Еден од најголемите пријатели на легендарниот Коби Брајант, како и на Трејси Мек Грејди. Токму МекГрејди, изјави дека потполно го разбира и се сложува со неговиот голем пријател бидејќи исто како него, во крајот на својата кариера, беше во иста ситуација. “Мет е воин и одбива да се кити со лажен сјај. Доколку не учествува во првите борбени редови, за него, тоа не претставува ништо” – изјави популарниот “Ти-Мек”.
NBA FAN
Димитар Младеновски