Бројките на нови заразени со Ковид 19 денеска се уште позагрижувачки од оние кои беа во пораст изминатите денови, најави вицепремиерот Бујар Османи преку објава на неговиот фејсбук-профил. Османи додаде дека можноста за зараза со новиот коронавирус или да се биде во контакт со некој што е заразен, е голема.
„Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите: не верувајте во теориите на заговор, маската го намалува преносот за 79%. Не биди причина за смртта на најблиските“, напиша Османи во објавата, а во П.С истакна дека денеска бројот на новозаоблени е уште позагрижувачки.