Смртта на Џорџ Флојд во последните неколку дена е главна вест во сите светски медиуми. Ширум САД веќе неколку дена траат протестите против бруталноста на полицајците спрема афро- американците.
Потсетуваме дека 46-годишниот Флојд почина минатиот понеделник по средбата со полицијата. Видео снимено од случаен минувач го покажува Флојд како лежи со лицето стиснато на земја со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише пред да престане да се движи.
Цело време полицаецот го притиска со коленото на вратот. Се започнало кога еден вработен во продавница ја повикал полицијата затоа што Флојд наводно се обидел да плати со лажна банкнота од 20 долари.
Полицајците го ставиле на задното седиште од автомобилот и го тепале.
Службеникот Дерек Ковин, кој е одговорен за смртта на Флојд, е обвинет за убиство од трет степен.
Уште пред Флојд да заврши на подот, полицијата го претепа. Ова е прикажано со снимки од надзорната камера, на кои се прикажани неколку полицајци на задното седиште на полицискиот автомобил, обидувајќи се да го смират Флојд со тепање. Едно од снимките го објави на Инстаграм активистот Шон Кинг.
“Сè полека се спојува. Само што го добив ова ново видео. Едниот чува стража, а другите го тепаат”, напиша Кинг.
Братот на жртвата, Филонис Флојс, изјави дека е уморен од „гледање како умираат црните луѓе“. Тој рече дека го разбира гневот на луѓето, но апелираше до демонстрантите да останат смирени.
Денес, за прв пат, семејството на Флојд комуницираше директно со полицијата во Минеаполис во живо во специјална програма на Си-Ен-Ен. Филонис го праша шефот Медари Арадондо дали ќе ги уапси полицајците и ќе ја спроведува правдата за смртта на Џорџ?!
Арадондо рече дека тие одлуки ќе ги донесе државното обвинителство. Исто така, ја симнувал својата капа секој пат кога ќе се обрател до семејството Флојд за да покаже почит. Тој додаде дека оние што молчеле пред неправдата биле соучесници во злосторството.
„Ако молчите или не интервенирате, вие сте учесници“, рече Арадондо.
„Мојата одлука да ги отпуштам сите четворица функционери не се засноваше на некаква хиерархија. Г-дин Флојд умре во наши раце“, истакна тој.