Гестот на НБА асот ги расплака луѓето ширум светот: „Секогаш ќе бидам тука за ќерката на Флојд, ќе ја чувам

758

Некогашниот НБА играч и шампион, Стивен Џексон, ветил дека ќе се грижи за ќерката на неодамна убиениот пријател Џорџ Флојд.

„Многу работи ќе ѝ недостасуваат, но јас ќе бидат тука за неа“ – порачал Џексон.

Ширум Америка веќе со денови се одржуваат протести од незадоволните граѓани по убиството кое што го изврши полицаецот во Минеаполис.

Стивен Џексон, по убиството на Џорџ Флојд веднаш долетал во Минесота.

Познатиот кошаркар по трагичниот настан изјавил дека ќе се пријави за старателство на ќерката на Флојд, 6-годишната Џиана.

„Многу од работите ќе ѝ недостасуваат, но јас ќе бидам тука за неа. Јас ќе ја однесам до олтарот кога ќе дојде време за тоа. Ќе бидам тука за Џиџи! Флојд не може, но јас ќе бидам тука за неа. Тука сум за да се изборам за правда, правда за мојот брат“ – изјавил Џексон на протести во Минеаполис.

Тој открил дека Флојд, за кој е познато дека е роден во Тексас, во Минесота дошол за да вози камиони и со тоа заработил повеќе пари за своето семејство.

Впечатливи биле и скандирањата, во кои што учествувала и Џиџи, која што на прашањето ”Што направи татко ти?”, одговорила:

„Тато го промени светот“.