Страшна сообраќајка вечерва во Капиштец (ФОТО)

1912

Тешка сообраќајка несреќа се случи вечерва во скопската населба Капиштец, објави порталот Скопјеинфо.

Според информации на очевидци возило со велешки регистарски таблички удрило во метален столб при што оштетило неколку возила паркирани во близина. Дел од населбата Капиштец, сеуште е без струја.

Од Министерството за внатрешни работи неофицијално ја потврдуваат сообраќајната незгоди и повеќе информации најавуваат за утрешниот ден.