Цела естрада на мекици кај Цеца – Погледнете кој се беше на прославата по повод раѓањето на Жељко

1520

Снаата на Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ вчера се породи и на свет го донесе синот Жељко. Токму по тој повод, Цеца во својата вила на Дедиње организираше голема прослава за својот внук.

Цеца и Анастасија снимија дел од атмосферата од прославата.

Освен семејствата Ражнатовиќ и Родиќ, на забавата присуствуваа и познати личности меѓу кои Александра Пријовиќ, Марина Висковиќ, Јована и Жељко Јоксимовиќ.

Цеца и Анастасија на „Инстаграм“ покажаа како се слави во нивниот дом, а за микрофонот се фатија и Александра Пријовиќ и Марина Вишковиќ.