Важни животни лекции: 8 начини како да станете богати

695

Вистинското мерење на богатството не е во феникиските знаци.

Секој од нас може да почне да ја гради најважната состојба, со тоа што ќе ги следи овие 9 сосема бесплатни, но исклучително вредни лекции:

1. Осознај дека малите нешта се вистински големи нешта! Секогаш бараме нешто подобро. Вечно сакаме да имаме повеќе. Денес се радуваме кратко на она за што сме сонувале вчера и премногу брзо почнуваме да сакаме нешто друго понатаму. Но, на овој начин не успеваме да сфатиме дека го имаме најдоброто на кое некогаш сме можеле да се надеваме. Дури кога ќе изгубиме сè (материјални добра, контакти) сфаќаме колку биле големи малите нешта.

2. Согласете се со фактот дека не можете да контролирате сè! Единствено што можеме да управуваме, се изборите кои ги правиме и тоа колку ќе дозволиме стравот да ги одредува нашите животи.

3. Работи и после личните неуспеси! Успехот не е вештина, а гледна точка на трпение и упорност. Разликата помеѓу тоа да заработуваш и да губиш најчесто се состои во тоа едноставно да не се откажуваш.

4. Не дозволувајте вашите стравови да донесуваат одлуки наместо вие самите! Имајте верба дека нешто некаде таму има план за вас, кој ќе ти се открие кога ќе дојде вистинскиот момент. Следи ги сопствените шанси.

5. Заштитувај се! Прави го тоа за да не им овозможиш на луѓето кои направиле многу малку за тебе, да ја преземат контролата врз вашите чувства и емоции. Никогаш не плачи за оние кои не ја ценат вредноста на твоите солзи.

6. Постави се така за да бидеш среќен! Ако сам сакаш да бидеш тажен, никој во овој свет не може да те направи среќен. Но, ако сакаш да се радуваш на животот, никој не може да ти го одземе чувството на среќа.

7. Ослободете се од внатрешното незадоволство! Ќе почнеш да закрепнуваш и да растеш само кога ќе се ослободиш од минатото и гневот. Тоа ќе се случи кога ќе им простиш на другите и кога ќе си простиш за грешките. Секој ден може да биде нов почеток.

8. Фокусирај се на позитивното! Се е прашање на став. Кога нешто лошо ќе ти се случи, можеш да се сожалуваш или да ја промиш ситуацијата како подарок. Таа е или можност за раст или пречка за твојот раст. Ти избираш. Имај на ум дека, сепак, без разлика колку си патувал и какви луѓе си сретнал во животот, надежта секогаш те чека некаде.