Хрватската поп-ѕвезда Северина денес со приватен авион ќе допатува во Охрид. Со дел од својот тим, таа ќе долета од Сплит неколку часа пред концертот , кој ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ од 22 часот. На дел од своите патувања, нејзина придружба се синот Александар и сопругот Игор Којиќ. Овој пат, Северина во Македонија ќе дојде сама.
„На денот на концертот, времето за прошетка низ градот ќе биде кусо. Но, на нејзина желба, Северина ќе остане во Охрид и во сабота за да има време да прошета низ Охрид и да вкуси од нашата традиционална храна“, велат од „БМЈ медија груп“.
Поп-ѕвездата, во Охрид најавува богато сценско и музичко шоу. Во моментов е актуелна со хитот „Туторијал“. На социјалните мрежи, Севе објави слика со синот и со сопругот од Сплит и напиша дека е најсреќна во својот роден град.