Печалбарите носат милиони евра во Македонија, Владата ќе ја разгледа можноста за укинување на 14-дневната изолација

969

14-дневната самоизолација на која мора да се согласат сите државјани на Македонија кои доаѓаат од странство, се пречка за доаѓањето на печалбарите. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека Владата ќе се разгледа можноста за укинување на оваа мерка за лицата кои приложат негативен ПЦР тест за Ковид-19.

„Ние ќе ја разгледаме повторно оваа одлука која ја усвоивме, а е предлог на Комисијата, но важно е да се нагласи фактот дека токму во периоди на такви пандемии ние како влада важно е да ги усвоиме предлозите на комисијата бидејќи тоа е институција која е најповикана во такви случаи базирајќи се од здравствен аспект, врз чија основа тие ги носат предлозите.“, рече Бектеши.

Печалбарите чекаа една година, а сега  не можат да се вратат во татковината и да ги посетат своите роднини токму поради 14 дневната изолација.

„Ние да дојдеме таму, да изгубиме 14 дена, деновите ни се броени, не знам како да кажам, ова навистина е невозможно“

„За тестот не е проблем, но тоа со карантинот е многу“

Иако Министерството за економија нема податоци колкави ќе бидат загубите доколку не дојдат печалбарите, Бектеши вели дека тие трошат стотици милиони евра за време на летните одмори во нашата земја.

„Што се однесува до минатите години ние можеме да кажеме дека цифрите  кои ги имаме врз база на испратените пари од печалбарите надминуваат стотици милиони евра, кои се многу важни за благосостојбата на дел од граѓаните во земјава, но истовремено и за економијата,  особено за микро компаниите и малите кои директно зависат од печалбарите во летната сезона.“, вели Бектеши.

За печалбарите не е логично одморот да го поминат во изолација, затоа повеќето од нив се плашат да тргнат на пат кон татковината. Бектеши рече дека граѓаните се однесуваат одговорно, ги почитуваат мерките , држењето дистанца и носење заштитна опрема, па поради тоа владата ќе предложи укинување на овие мерки.