Возачот Карол Золт Кис го возеше својот автобус кога забележа како крадец напаѓа стара баба и се обидува да ја ограби.
Надзорната камера од автобусот открива како без да размислува, возачот излегува и успева да се справи со крадецот. Возачот, инаку поранешен војник го оттурна напаѓачот, застана меѓу него и жртвата се додека криминалецот не побегна.
Жената потоа ја зеде во автобусот и продолжи да вози. Како што пренесуваат унгарските медиуми, жената не била повредена, но било видно вознемирена. Полицијата набрзо по инцидентот го откри идентитетот и го уапси 27-годишниот напаѓач.