Цел Балкан жали за смртта на Драгојевиќ, мирно небо таму горе во бескрајот легендо!

967

Скромен, насмеан и секогаш позитивен. Како таков ќе го паметиме морскиот лав, човекот со чии песни пораснаа многу генерации, неповторливиот Оливер Драјогевиќ кој за жал не напушти вчера на 71 годишна возратс, по една година борба со ракот на градите. Веста ја објави „Слободна Далмација“, откако им била потврдена од семејството на хрватскиот пејач, а неговите колеги ширум регионов со емотивни пораки преку социјалните мрежи се простуваат од него.

Жали и тагува цела екс Југославија, а има и за што. На неговите песни апсолутно никој не можеше да остане рамнодушен, емотивните изведби беа негов заштитен знак, а последен пат се дружеше со македонската публика минатата година во месец март коха одржа заеднички концерт со колегата и музичар Џибони со кого го промовираа новиот материјал.

Морето ме смирува и ми ја полни душата, ми дава енергија и топлина и ме препородува. Ќе пеам се додека можам да зборувам, рече Драгојевиќ во една прилика.

Инаку, Оливер беше роден во Вела Лука на островот Корчула, растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски фестивал, по што го формирал бендот Батали. Во 1970-ите настапувал низ цела Европа, а од средината на оваа декада датираат и неговите први хитови и соработката со композиторот Зденко Руњиќ, кој е автор на песните како „Романца“ и „Опрости ми папе“.

Во текот на својата карирера Оливер Драгојевиќ објави преку 30 албуми, а настапуваше и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол и сиднејската Опера.

Мирно небо таму горе во бескрајот легендо!