Северина во Охрид – Дојде, виде, победи!

1354

Дојдов, видов, победив… дефинитивно е девизата која може да стои до името на една од најголемите ѕвезди на овие простори – Северина која во петокот одржа голем солистички концерт на стадионот “Билјанини извори” во Охрид и тоа за прв пат во нејзината кариера.

“Ова ќе биде добра ноќ претчувствувам”, порача Севе со темата “Бред Пит” со која го отвори и концертниот спектакл. Веднаш после неа след уваа “Узбуна” и “Туторијал”, а дека забавата не изостана доволно зборува фактот што низ градот под Самоиловите тврдини се бараше и карта и место повеќе за дружба со хрватската дива.

Таа на сцената безгрешена како и секогаш, публиката послушна. Секој хит отпеан во еден глас од почеток до крај. Се пееше и старо и ново. И брзи теми и балади.
“Фала ви Охрид, фала ти Македонијо”, порача Северина пред самиот крај на концертот и вети следна средба во блиска иднина.