NBA колумна на Димитар Младеновски-“Машината за забивањa” од Њу Јорк (ВИДЕО)

1083

Мичел Робинсон претставува еден од ретките играчи на тимот од Њу Јорк кој влева оптимизам секогаш кога ке стапне на теренот. Две сезони по ред, 22 годишниот центар е играч со најдобар процент на шут од поле во лигата. Сезонава беше лидер со фантастични 74,2 % успешност, што претставува втор најдобар процент (во историјата), само зад легендарниот Вилт Чембрлен.Робинсон претставува еден од првите млади играчи во најсилната професионална лига, кој беше избран на драфт од NBA тим без да учествува во колеџ програма, односно паузирајќи цела календарска година и тренирајќи сам. 213 високиот центар на “Никси” со својот висок одраз, атлетицизам и неисцрпна енергија многу брзо стана миленик на навивачите во Медисон Сквер Гарден. На секој меч, поради својот стил на игра, “Мич” има безм алку 3 до 4 атрактивни забивања. Уживајте во ова видео, каде ги имаме сите забивања на Робинсон од тековната сезона.

NBA FAN

Димитар Младеновски