Падна договор: Нејмар доби дозвола од ПСЖ за враќање во Барселона!

610

Бразилецот Нејмар и дефинитивно се договори со ПСЖ за враќање во Барселона ова лето, пренесува шпански АС. Бразилецот уште минатата сезона посакуваше враќање во каталонскиот тим, но ПСЖ не го дозволуваше тоа барајќи 200 милиони евра.

ПСЖ ова лето ќе остане и без Единсон Кавани кој заминува како слободен игра. Но, Французите се веќе решени да не прават никакви проблеми и за Нејмар, за кого Барселона ќе треба да плати 170 милиони евра.

Парижаните ја намалија цената во времето на пандемијата од коронавирусот. ПСЖ е подготвен и на помал износ доколку Барселона се одлучи во спротивна насока да го испрати Гризман или Дембеле. Или и двајцата.

Договорот на Нејмар со ПСЖ е до 2022 година. Во тимот од Париз се свесни дека следното лето ќе може да го продадат за многу помала сума, поради што сега се одлучија да дадат дозвола за негово замимнување.

Сега, сепак, голем проблем се финансиите на Барселона. Каталонскиот клуб е страшно погоден од кризата поради коронавирусот, па трансфер од 170 милиони евра звучи апсолутно нереално. Но, Бартомеу веќе сериозно размислува како намалување на сумата да испрати еден од двајцата барани фудбалери во ПСЖ.