Докторката која криеше дека е заразена со Ковид-19 и на која требаше да ѝ биде одземена лиценцата – се врати на работа

1046

Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот, се врати на работното место, потврдуваат од клиниката за „ТВ24“.

Билјановска заработи кривична пријава од полицијата, а Основното јавно обвинителство Скопје предложи да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра.

Лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе ѝ биде одземена лиценцата за работа, а во меѓувреме докторката се врати на клиниката.

Цаца Билјановска беше четвритиот пациент позитивен на коронавирусот во Македонија. Откако се утврди дека е позитивна целата клиника беше ставена под клуч, а нејзните колеги беа ставени во изолација.

Ваквото однесување на докторката тогаш го осуди министерот за здравство и колегите од фелата.