Али Ахмети целосно промашил дека пијам ракија пред митинг, реагира лидерот на СДСМ, Зоран Заев по ијавата на првиот интегртивец дадена вчера во интервју за „Сири ТВ“.
Имено, на прашањето, зошто во последно време „ДУИ е мета на постојани напади“ од страна на експремиерот Заев, Ахмети рече дека „изјавите дека ДУИ ќе оди во опозиција Зоран Заев ги дава по испиени две-три чашки ракија, а после се кае“.
– Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, домaшна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот – рече Заев во изјава за ТВ21.